29 Април, 2024
0.0262

Колку се богати македонските обвинители?

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските обвинители се луѓе кои имаат полни раце работа. Купишта предмети, огромни очекувања од јавноста за интервенции по допрен глас, сообраќајки, нарушување јавен ред и мир, организиран или економски криминал, крвни деликти.... Секогаш меѓу чеканот и наковалната: треба да го штитат јавниот интерес, да гонат криминал по службена должност, да гонат кривично политичари... Да направат истрага, да соработуваат со полицијата со која заедно или таа за нив треба да обезбеди докази, да склопат обвинение, судот да го прифати, да изнесуваат докази, да се замерат лично и професионално со силни домашни интересни групи. Се замеруваат и кога креираат обвинителен акт и кога отфрлаат кривична пријава. Се борат со одбрана во судски предмети, докажуваат на судот дека нивните докази вредат, дека дела постојат и дека казните се на место. Немаме официјални резултати од анкета што мисли јавноста за сите најважни обвинители. Има резултати дека паднала довербата во најпопуларното обвинителство СЈО. Заедничко за обвинителите е тоа дека им требаат ресурси за работа, поголема финансиска независност, повеќе обучен кадар и подобра координација со полицијата. Но тоа е процес, а можеби и круг...

Колку се богати обвинителите на најистурени позиции?

„Фактор“ направи попис на јавни податоци за најистакнатите обвинители: Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Македонија, Катица Јанева, специјален јавен обвинител на Република Македонија, Мустафа Хајрулахи, виш јавен обвинител за Скопје, Тодор Витларов, Виш јавен обвинител за Штип, Мери Тромбева, виш јавен обвинител за Битола, Сашо Рајчев, основен јавен обвинител за Скопје, Коле Штерјов, претседател на Советот на јавни обвинители и Вилма Русковска, обвинител на Основното обвинителство за гонење организиран криминал.

Сите тие на имотен лист се просечни македонски граѓани од кои мноштвото имаат поволни, некои стари автомобили, некои воопшто немаат, а само еден има две возила, но од средна класа. Живеат мали или просечно големи станови, дел од нив и наследени, а се задолжени како и другите граѓани со  долгови и кредити. И по ништо не отстапуваат од мноштвото македонски граѓани. Еве ги нивните имотни состојби и возни паркови:

Љубомир Јовески има Југо-Темпо од 1991 година и Рено Меган од 2003 година. Има стан добиен во наследство од 51 квадратни метри. Овој имот го пријавил на вредност од околу 40.000 евра. Има два депозити од кои еден е 14.000 евра и другиот е 1.000 долари. Пријавил дека има картичка на која може да должи до 2.500 евра

Сашо Рајчев нема автомобил, купил стан од 66 квадратни метри вреден 66.000 евра. Има кредитна картичка на која може да должи 1.250 евра.

Мустафа Хајрулахи има Рено 5 од 1990 година вредно 800 евра, а живее во стан од 46 квадратни метри во Скопје во заедничка сопственост со брачен другар вреден 20.000 евра.

Коле Штерјов има стан од 79 квадратни метри во Скопје, вреден 85.000 евра во заедничка сопственост со брачен другар. Во кочанско поседува земјоделско земјиште од 12.000 квадратни метри што го добил на подарок вредно 50.000 евра. Во 1993 година си купил сопствен стан во Скопје вреден 50.000 евра, а вози Опел Вектра произведена 2009 година.

Тодор Витларов има станови во Штип и во Скопје во заедничка сопственост со брачен другар. Во Штип станот е 80 квадратни метри и вреди 26.000 евра, а во Скопје е 60 квадратни метри и вреди 79.500 евра. Со брачниот другар има заеднички кредит од 30.000 евра, а вози Опел Мерива од 2015 година.

Мери Тромбева нема автомобил, а има стан од 52 квадратни метри во Битола во заедничка сопственост со брачниот другар вреден 7.200 евра. Има сопствен дуќан од 38 квадратни метри вреден 11.500 евра и кредит од 27.000 евра со рок на враќање до 2022 година.

Вилма Русковска е обвинител со два автомобили. Таа поседува две возила Киа Спортаж, едното од 2018 година вредно 17.100 евра и другото од 2016 година вредно 17.100 евра. Има сопствен стан од 80 квадратни метри во Скопје вреден околу 32.000 евра.

Катица Јанева во Гевгелија има куќа од 370 квадратни метри и 1.930 квадрати земјоделско земјиште во гевгелиско Мрзенци добиени во наследство и со проценета вредност од 120.000 евра. Во наследство има и возило „Ровер 45“ од 2001 година. Има кредити од околу 90.000 евра со рок на отплата до 2020 година, а има и депозити во вкупна вредност од околу 105.000 евра. Има и плац ов 230 квдратни метри вреден 1.000 евра во село Конско.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка