12 Мај, 2024
0.0239

Колку сиромашни граѓани има во Македонија?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во земјава има повеќе од 100.000 граѓани кои живеат во апсолутна сиромаштија, а повеќе од 1.200.000 граѓани не можат да си ги задоволат основните потреби. 

Овие податоци денеска беа соопштени на конференцијата на тема Инклузија „И јас сакам да имам живот како другите!“ во организација на Македонската платформа против сиромаштија, Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје и Европската платформа против сиромаштија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата 17 октомври.

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев вели  дека е крајно време државата да се откаже од сите материјални аспекти коишто се преокупација на сите гласачи, а со тоа и на политичарите. 

„Луѓето бараат храна, значи постои глад во Македонија и тоа е поразително за сите нас. Мораме да се посветиме на граѓанинот и поединецот со конкретни и прагматични чекори“ - рече Заев. 

Смета дека мора да се создаде праведно оданочувње. Тој вели дека не можат сите исто да плаќаат данок. 

Македонија на европско ниво е една од најсиромашните земји, а има и највисока стапка на младинска невработеност, потврди министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски-Ташевска.

Порача дека една од нивните заложбите е да се намали стапката на сиромаштијата до 2020 година под 18%. 

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно