22 Мај, 2019
0.0187

Колку треба да гласаат за успешни избори и што ако нема цензус?

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Ова е правилото за исполнет цензус напишан во Уставот на државата. 

Според сегашното решение во Уставот, за да биде избран претседател во првиот круг од изборите, неопходно е за него да гласаат мнозинство од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи, односно најмалку 904.066 граѓани со право на глас. По вчерашното гласање јасно е дека тоа не е исполнето. Излезноста на вчерашните избори инаку беше 41,82 отсто.

Доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг, во случајов Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, целата постапка се повторува.

Министерката за правда Рената Дескоска минатата недела рече дека доколку не биде постигнат потребниот цензус за избор на претседател на претстојните избори постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните без потребно мнозинство во вториот круг или да се избира во Собранието.


Можеби ќе ве интересира

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, што договорија Заев и Ахмети?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, што договорија Заев и Ахмети?

По средбата Заев - Ахмети има ли конкретни имиња кои ќе бидат сменети?

По средбата Заев - Ахмети има ли конкретни имиња кои ќе бидат сменети?

Богоевски закажа седница за одземање на мандатот на Груевски

Богоевски закажа седница за одземање на мандатот на Груевски

Џеват Адеми кажа од каде треба да почне „метлата“

Џеват Адеми кажа од каде треба да почне „метлата“

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

УНЕСКО бара Охрид да се стави на листата загрозено светско наследство

УНЕСКО бара Охрид да се стави на листата загрозено светско наследство

Копров им се извини на Србите затоа што не добија од нас ниту еден поен

Копров им се извини на Србите затоа што не добија од нас ниту еден поен

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски

Едмонд Темелко не се откажува од градоначалничката функција

Едмонд Темелко не се откажува од градоначалничката функција