Колку туристи ќе изгуби Тајланд поради нападите?
Објавено во: Свет 16 Август, 2016
Тајланд може да изгуби до 200.000 странски туристи поради нападите во земјата.
Туризмот создава 10% од бруто домашниот производ на земјата, која очекуваше рекордни 32 милиони посетители оваа година.
Тоа значи минус од 293 милиони долари приходи од туризмот оваа година поради серијата смртоносни експлозии.
Бранот напади на места како морскиот одморалиште Хуа Хин и туристичкиот остров Пукет е најголемиот предизвик за туристичкиот сектор, кој преживеа деценија на нестабилност и се опоравува во последниве години.
До крајот на годината може да бидат откажани околу 100.000 до 200.000 патувања.