03 Мај, 2024
0.0686

Колку вреди и кој ја поседува најголемата империја во имотниот бизнис во САД?

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Сол Голдман на времето бил најголемиот сопственик на имоти во Њујорк. Тој е креаторот на „Solil Management“ - еден од главните играчи на пазарот на недвижимости.

Но компанијата е од „старата школа“. Сеуште нема сајт, каде посетителите ќе можат да го откријат нејзиното имотно портфолио, како и повеќето други компании од индустријата.

Сепак наследниците на Сол Голдман поседуваат барем 400 имоти во Њујорк - почнувајќи од станови во престижни области како „East side“ до населба со земјишта во средината  на Менхетен, па се до хотелот Peninsula.

Четирите деца на Голдман заедно поседуваат 12,2 милијарди долари, или над 3 милијарди долари секој поединечно.

Нивни тројца братучеди пак поседуваат друга, помала имотна компанија, предводена своевремено од внукот на Сол - Лојд Голдман. Таа се вика BLDG Management и му додава на богатството на семејството Голдман уште 1,5 милијарди долари.

Тоа е доволно за да го направи Голдман најбогато семејство во имотниот бизнис во САД и 16-тото најбогато семејство во земјата. Но нивното име е непознато за повеќето Американци.

Сол е син на трговец од Бруклин. Тој го напушта колеџот во 1935 година, за да управува со продавницата на својот татко. Во 50-тите години започнува да откупува под хипотека имот по ниски цени и со годините акумулира сериозно портфолио. Во 1960 година го купува дури „Chrysler Building“.

Во 1973-74 година, сепак имотниот пазар е зафатен од сериозна криза и Сол е принуден да продаде скоро 40% од сопственоста, за да си ги плати долговите. Меѓу нив е и иконската зграда „Chrysler“. По овој случај, сепак, тој никогаш не трупа долгови, за да купува нови недвижности.

Кога умира во 1987 година, Сол Голдман е најголемиот носител на земјиште во Њујорк. За огромното наследство на неговиот имот се водат дела со години, откако невенчаната сопруга Лилијан ги суди четирите деца за имотот.

Судската битка продолжува 5 години. Лилиан задржува 33% од имотот на Сол гарантирани од договорот за развод во 1984 година. Таа умира во 2002 година и имотот и за 374 милиони долари е поделен еднакво помеѓу нејзините четири деца.

Во 1991 година портфолиото на компанија Solil чини 760 милиони долари. Денес вредноста му е 16 пати повеќе.

Денес најмладата ќерка на сол Голдман - Џејн, која е 60-годишна, управува соSolil и е единствената жена милијардер која владее со големата имотна империја. Таа управува долги години заедно со својот брат Алан, кој се повлекува во пензија поради здравствени причини.

Синовите на Џејн сега се подготвуваат да ја преземат семејната империја.

Можеби ќе ве интересира

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)