05 Мај, 2024
0.0265

Колку вреди живот во македонски автобус?

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Максималната пропишана вредност на премијата што осигурителот на хаварисаниот автобус на „Дурмо“ ќе ја покрие е 675.000 евра. Од тие пари треба да се исплатат семејствата на 15 загинатите, неколкумина хендикепирани со телесен инвалидитет, повредените со физички и психички трауми... Животот е бесценет, но зарем тие 675.000 евра не се беда што треба да се распредели сите оштетени, а ќе ги има стотина? Уште еднаш македонската бирократија, овој пат таа што го регулира осигурувањето, им го скрои тесно за жртвите. Во нивните параграфи, лимити и актуарски операции човекот е само статистичко бројче 

Навистина, колку може да вреди човечки живот во Македонија? Сите знаеме дека животот нема цена. Затоа што штетата за детето што нема да ја види мајката никогаш повеќе, за мајката што нема да го гушне синот или ќерката е ненадоместлива.

Што ни помина пред очи од последната трагедија со автобусот во кој загинаа 15 лица и уште десетина се тешко повредени? Ја видовме реалноста во земјава. Траума и солидарност, херои и губитници, огромна загуба, многу дилеми за системот на техничка контрола, безбедност на патиштата...

И уште еден момент кој досега не сме го помислиле затоа што немало потреба од тоа. Вредноста на премијата што ја покрива несреќата изнесува 675.000 евра. Тоа е лимит по закон. Повеќе од тоа не може да покрие осигурувањето. Тоа е сума на пари со која ќе треба да се надомести целата штета. Верувале или не, тоа се парите кои треба да бидат, не поделени, туку распределени помеѓу сите оштетени лица во трагичниот несреќен случај што минатата среда доцна попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово. Доколку сите оштетени одлучат да се спогодат со осигурителот.

Животот нема цена, инвалидитетот исто така. Но каква е таа материјална оштета за нематеријална штета кога има 15 жртви, има неколку лица со висок степен на инвалидитет, десетина со потешки и полесни повреди и сите други што биле во бусот се со психолошки трауми. Како тоа макар и минимално, но достоинствено да се покрие со фонд од 675.000 евра? Какви се тие законски прописи, решенија и подзаконски акти? Има ли тука и малку хуманост и должно внимание за човечкото достоинство? Најтешко на тие што од оваа несреќа ќе останат инвалиди. Во случај на ваква трагедија со толку многу оштетени лица, тоа што може да го очекува тежок инвалид , а го реши спогодбено со компанијата , многу веројатно, не може да надмине ниту 10.000 евра. Како таа сума да даде некаква материјална сигурност на лице кое само не ќе може да се грижи за себе и на кое ќе му треба помош и придружба?

Овие денови слушнавме многу изблици за солидарност од носителите на јавни функции. Го прегреаја „Фејсбук“ со црните машни и со давање изјави. Никој од нив не спомна дека законскиот лимит на премијата, за уплатената автобуска полиса, е 675.000 евра. И дека тоа се многу малку пари за ваква трагедија. Никој не соопшти дека ќе се најде начин на трагично загинатите, на инвалидите, на потешко и на полесно повредените ќе им се помогне со материјална помош. Никој не изусти такво нешто.

А сите добро знаат дека за многумина нема утеха, но барем да има достоинствена поткрепа и поддршка.   


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца