Колку жени служат војска во Србија?
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2016
Доброволно служење воен рок во Србија од 1 декември почнале 385 војници меѓу кои и 57 жени.
Тие војниот рок ќе го служат шест месеци, а причината е помош за професионалните војници и подмладување на резервниот состав.
Декемвриската класа своите први војнички денови ги минува во центрите за обука во Војската на Србија во Сомбор, Ваљево и во Лесковац. Војниците ќе добиваат паричен надомест – вкупно околу 800 евра за шесте месеци.
Во соседна Србија моментно има околу 9.000 професионални војници. Платата им е околу 32.000 денари без надомест за дежурства.
РТС објави дека од 2011 година откако во војска се оди доброволно, секоја огдина околу 1.600 млади минуваат воена обука. Претходно, кога тоа беше обврска, годишно на служење воен ток заминуваа и до 20.000 регрути.