29 Април, 2024
0.0442

Колку знаеме што да правиме со отпадот?

Објавено во: Економија, Мои пари 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Според неодамнешното истражување спроведено на социјалните мрежи, македонскиот граѓанин е слабо запознаен со третманот и управувањето со отпадот. На пример, на прашањето дали се запознаени со начинот на депонирање, складирање и преработка на отпад, само 37% одговориле потврдно, додека 53% знаат делумно, а 10% не знаат.

Во земјава во моментов има 54 депонии со толеранција од локалните власти, од кои само една - Дрисла кај Скопје ги исполнува минималните пропишани стандарди (навистина минимум, без третман, без раздвојување на отпад и за жал лошо третирање на медицински отпад). Покрај тоа, се проценува дека има уште 200 нелегални депонии кои ја загадуваат почвата, водата и воздухот. Во истражувањето на прашањето „дали има депонија во вашата општина и дали сте запознаени со тоа како во истата се ракува, селектира и отстранувате отпадот“, 32% сметаат дека нема депонија, 25% се делумно запознаени, а 29% не се запознаени за практиките на овие депонии. Што значи, граѓаните не знаат што се прави - или поправилно што не се прави - со нивниот отпад.

Од друга страна, јавноста е многу свесна за придобивките за животната средина од правилно управување со отпад (80%) од испитаниците се свесни за истите. Дури и ако се помалку од половина, сепак (49%) се свесни за економски придобивки од правилно управување со отпадот. И уште  поизненадувачки, граѓаните би се согласиле со изградба на регионални депонии за комунален отпад: 59% би се согласиле со изградба ако се доволно информирани за овие придобивки, 38% можеби би се согласиле и само 3% се против нивната изградба. Според ова истражување, 80% од граѓаните би ја разбрале и потребата од изградба на депонија за неопасен индустриски отпад (како што е планирано кај Неготино) доколку има силна контрола и е во согласност со прописите. Ова е спротивно на претходните негативни реакции од локалното население и НВО. Овие реакции веројатно се должеле на отсуство на соодветна комуникација како и резултат на познатиот NIMBY (Not In My Back Yard) ефект спротивставување на жителите на предложениот развој на нивната локална област. Овој ефект носи идеја дека ваквите жители само се спротивставуваат на развојот затоа што е близу до нив и дека тие би го толерирале или поддржувале доколку се градат подалеку.

Во однос на употребата на RDF, огромното мнозинство од испитаниците (87%) изразија дека е подобро да се користи ова секундарно гориво од отпад наместо да се продолжи со употреба на мазут за индустријата. Ова исто така ќе ја намали количината на нашиот отпад што треба да се депонира (отпад до енергија, како што обично се применува во Германија).

Прашањето за лошо управување со отпадот не е ново. Нашата земја стагнира со години во овој домен. Денес, со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, нема време за губење, поради Поглавје 27 што се занимава со животната средина е едно од оние кои бараат најмногу. Нашите власти сега треба да бидат силни. Тие ќе бидат поддржани од сите сегменти на населението. Со ова истражување, можеме да забележиме дека генерално, во јавноста постои волја за вакви промени.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка