05 Мај, 2024
0.0258

КОМАНДИРОТ НА ТППЕ КОЧАНИ ЗА ФАКТОР: Поради високите температури пожарот беше како темпирана бомба

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Поради високите температури пожарот беше како темпирана бомба, вели за Фактор, Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Објаснува дека досега градот не се соочил со ваков пожар, при што според груба проценка во повеќе пожари уништени се 250 хектари шума, а има и оштетувања на две куќи.

„Огнот беше дојден до куќите во градот, нив ги одбранивме, но откако ќе помине малку време ќе сфатиме што сме изгубиле, посебно оние кои шетаат во шумите. Според груба проценка, уништени се 250 хектари шума. Понатаму ќе имаме детална пресметка за штетите. Станува збор за нискостеблеста, високостеблеста и борова шума. Пожарите се случуваат поради човечки фактор, некогаш е тоа намерно, некогаш ненамерно, и ќе треба време да се подигне свеста и работите да се променат“, вели Паунов.

Тој објаснува дека за да нема вакви катастрофи во иднина, треба да се подобри екипираноста и со кадар и во возила. Располагаат со возила претежно за урбана средина, но потребни се и теренски возила за локализирање на огнот во помалку пристапни места.

„Имаме 7 возила и 16 пожарникари, но според бројот на жители би требало да имаме 32 пожарникари. Оваа сезона беше ужасна. Имавме пожари и тоа претежно на периферија“, рече Паунов.

Ja поддржува забраната за движење во шумите додека траат високите температури. Десетина луѓе кои вдишале чад завршија во болница, по што се пуштени дома. Во гаснење на огнот помагаат пожарникари од повеќе градови, армијата, но и граѓани. Гори на повеќе локации во државата. Се уште се активни пожарите во кумановско, во струмичкиот, битолскиот, штипскиот и скопскиот регион, објавија утринава од Центарот за управување со кризи. 

Македонија се соочува со топлотен бран, при што деновиве беа измерени температури од 44 степени.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче