07 Мај, 2024
0.0283

Коматозирани институции, умртвени реформи, гафови и утки - Ќе „одмори“ ли Заев од порази?

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По нешто повеќе од две години активен мандат кабинетот на Заев не престанува негативно да ја изненадува и разочарува јавноста со речиси секојдневни гафови, непромислени потези и одлуки, промашени кадровски решенија, се поголемо заложништво во рацете на демаскираниот Ахмети и тотален колапс на државната управа во клучните сектори кои требаше да донесат живот за сите граѓани, како и враќање на правдата. Девалвираната власт на Заев најверојатно со душа ќе ги чека летните одмори бидејќи во последниот период нема одлука која не беше дочекана на нож, додека пак социјалните мрежи се преполни со пораки за разочараност, насобран гнев од гледањето како оваа држава никако не успеава да создаде независни и одговорни институции кои ќе донесат напредок, заживување на економијата и враќање на довербата во иднината на Македонија, наместо секој да размислува како да фати џаде и да крене раце од депресивната реалност во која речиси ништо не функционира како што вистински посакуваме. За проблемите со кои се соочува оваа Влада, со тролањето кое доаѓа од пребеганиот Груевски кој се повеќе добива симпатии на социјалните мрежи, како и за враќањето на бомбите како метод на политичка борба правиме анализа со политиколог Благојче Атанасоски.

Фактор: Дали најавената метла откако се реализираше доведе до ново големо разочарување од власта во поглед на кадровската политика, Дураки да стане нов вицепремиер и акробациите премиерот да биде и министер за финансии?

Атанасоски: Неверојатна е врзаноста и сервилноста на македонските политички партии, предводнички на владините кабинети кон нивниот коалициски партнер од редовите на албанската заедница –ДУИ. Несфатливо е, како еден македонски премиер, не смее да му се спротистави на лидерот на оваа партија Али Ахмети во однос на кадровското пополнување на министерска функција. Своевремено Груевски „ потклекна“ пред Ахмети кога го постави Талат Џафери за министер за одбрана, сега Заев е попустлив во однос на персоналното решение Садула Дураку. Дотичниот не може да е додадена вредност во ниту една македонска Влада, најмалку пак во сферата на животната средина или пак политичкиот систем. Неговото унапредување дополнително во вицепремиер, е уште „ еден пораз“ за Заев, а уште една „ победа “ за Ахмети. Едноставно, Али политички ги троши своите коалициски партнери, односно премиери, кои се доведуваат , да бидат потполно политички зависни од амнестираниот „ борец за човекови права “ од далечната 2001 година.  Реакциите на јавноста околу интенцијата на премиерот да биде и министер за финансии веднаш го поколебаа и тој се откажа од таа своја намера. Минатиот пат за Вашиот медиум напоменав: и да му била најдобра намерата, прашање е дали е возможно истовремено психофизички да бидете капацитетен за извршување на можеби двете најмоќни фунции во државата- премиер и „ чувар на државната каса“. Граѓаните не се воодушевија многу од помпезно најавуваната „ метла“, напротив, коментарите генерално се дека се случи „ се тресеше гората, се појави глушецот“.  „ Глушецот“ метафорички изразено во овој случај беше министерот за финансии Драган Тевдовски, за кој – видете апсурд, на расправата беше фален и бранет,  дека бил чесен и добро си ја вршел работата од еден Влатко Ѓорчев.

Фактор: Неодамнешните судски пресуди фрлија дополнителен сомнеж дека правдата нема да се врати во Македонија, дека големите "ѕверки" ќе останат на слобода и нема да одговараат за криминалот и корупцијата. По сите овие години потфрли ли и СЈО како институција која некогаш беше симбол на надежта?

Атанасоски: Апсолутно потфрли. Очекувањата на граѓаните кои гласаа за актуелната владејачка партија беа дека ќе се спроведе правдата „ за да има општествен  мир“. Сега од денешна гледна точка, нема правда, а има немир, но само на социјалните мрежи. Граѓаните најголемото разочарување го препознаваат токму во судско-обвинителските процеси покренати од СЈО, и се повеќе веруваат дека одново политичките елити во Македонија се договорени „ кучињата ( читај граѓаните) да лаат , карванот ( читај парите и привилегиите ) да си врват. Жална е оваа Македонија, и не гледам во догледна иднина дека ќе стане горда од овој аспект каде што секој што се огрешил пред законите и корумпирал и криминализирал за сметка на граѓаните, ќе го добие заслуженото, нели „ согласно Уставот и законите“.

Фактор: Екс премиерот Груевски отворено се подбива со актуелната власт и нејзините поддржувачи. Се доведе ли СДСМ во позиција да губи гласачи токму поради овие сомнежи за политички договор?

Атанасоски: И малку им прави. Денеска видовме дека помпезно најавува дека ќе се врати да се повози по новиот автопат ( Миладиновци-Штип), велејќи „ да не го најде“ во лоша состојба. Сомнежот околу „ договорот“ со бегството на Груевски трае од првиот момент кога се „ чекираше“ на бреговите на Дунав во унгарскиот главен град, а да не заборавиме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вети дека „ истрагата ќе покаже како побегнал Груевски“. Делумно за да ја задоволеше бесната јавност тогаш премиерот, требаше да го разреши Оливер од морални и политички причини. Сега останува, само да му ги читаат неговите подбивачки статуси на ФБ и да пишуваат соопштенија од Бихаќка „ криминалецот Груевски да се врати да ја отслужи заслужената казна затвор, да не бега од правдата во Македонија“. Парадоксално, најголемиот број на гласови СДСМ го  изгуби токму ради бегството на Груевски, гротеската со случаите на СЈО , а не од променета на уставното име, и Договорот со Бугарија, кои  исто така  беа дочекани на „нож“ од голем број граѓани.

Фактор: Дали Заев со нетрпение го очекува летниот одмор бидејќи јавноста веќе стана навикната да доживува нови гафови од власта, мртва точка во реформите, хаотичен здравствен систем, никакво поместување во образованието кое е во кома, ниту пак во останатите ресори кои како да седат со скрстени раце?

Атанасоски: Летниот одмор за премиерот Заев е одлична можност да замине на едноседмична почивка, сам, и да размисли убаво, гледајќи во морската шир , или во планинските шуми (зависи каде ќе одлучи), да направи ретроспектива за изминатиот половичен мандат, каде се кардиналните кадровски, политички и  идејни пропусти во владеењето на овој кабинет, и на што се должи рапидно паднатата поддршка за СДСМ и Заев, во однос на големата победа на локалните избори, кои се случија пред само 20 месеци. И така, длабоко замислен да размисли што треба да направи во наредните 15 месеци, доколку сака повторно да ја добие довербата од граѓаните на Македонија. Се разбира размислувањето да оди во насока на сето погоренаведено во Вашето прашање во сите области во кои не се чувствува никаков напредок, напротив, гафови на дневна основа и избрзани владини одлуки кои потоа истиот ден се повлекуваат. Пак ќе нагласам, парадоксално, но вистинито, граѓаните кои ја дадоа довербата и гласовите за оваа влада предводена од СДСМ, најдобро ја оценуваат надворешната политика (а таа се сведува на промена на уставното име, заради членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, со кои се предвидува да се започне „нова ера во историјата на двата соседни, а историски закрвени братски народи“.

Фактор: По објавената „бомба“ за „шарениот револиционер“ Павле Богоевски, ген-секот Рашковски и за градоначалникот Курто Дудш се отвори Пандорираната кутија и за оваа владејачка гарнитура. Треба ли последниве двајца функционери да си поднесат оставки, да очекуваме ли нови бомби како метод на политичко делување и борба со власта?

Атанасоски: Поговорката „со свој камен по своја глава “, му се случува на премиерот во моментов. Муницијата на Заев за да дојде на власт (и со која реално дојде), почнува полека да се користи и од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, и покрај тоа што има негирање од опозицискиот лидер дека на „тој начин“ планира да дојде на власт. Ако сме чесни, кога во позиција на лидер на опозицијата Зоран Заев бараше оставка од функционерите на Груевски, тогаш тој принцип треба да го спроведува, токму сега, кога тој е во позиција на Груевски, односно кога негови соработници се фатени „ ин флагранти“, па макар и да нема инкриминирани дејанија, од морални и политички причини оставката е нужна. После „ десантот“ на Заев во 2015 година, веќе ништо не е неочекувано и невозможно за политичка борба во Македонија, па дали ќе се води слична борба во иднина, допрва ќе видиме.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта