02 Мај, 2024
0.0265

Комерцијална банка има фантастичен квартал! Добивката зголемена за 45 отсто

Објавено во: Финансии 28 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Солиден раст на нето камати, континуиран раст на нето приходи од провизии, јако намалување на трошоци за резервации, пристојно зголемување на трошоци за вработени. И што е најзначајно раст на кредитирањето за 50 милиони евра за три месеци. Ова се клучни атрибути на работењето на „Комерцијална банка“ за првите три месеци

Најголемата македонска банка има извонредни резултати во првите три месеци годинава, покажува објавениот финансискиот извештај објавен вчера. Во очи на големата енергетска криза, бројните поскапувања, логистички потешкотии и глобалната економска неизвесност „Комерцијална банка“ успеа за првите три месеци годинава да оствари добивка од 8,5 милиони евра што е за 45 отсто подобар резлтат од истиот период лани.

Реално е да се очекува дека оваа позитивна ценовно-чувствителна информација ќе има значајно влијание врз цената на таа акција – најликвидната хартија од вредност на нашата берза.

Нето приходите од камати на најголемата банка (според актива) достигнаа 10,5 милиони евра и тоа е за 10 отсто повеќе од првиот квартал во2021 година. Истовремено со ова зголемени се и нето приходите од камати и тие достигнаа 4,1 милиони евра. Останатите приходи од дејноста се на ниво како и претходната година и изнесуваат нешто над 3 милиони евра за 90 дена. Значајни за истакнување иако се мала ставка се нето приходите од курсни разлики. Тие за првите три месеци достигнаа безмалку еден милион евра, а истиот период лани беа помалку од 700.000 евра.

Заедно со растечките нето приходи од камати клучен генератор на раст на добивката се резервациите за ризични пласмани. Имено годинава тие се повеќе од преполовени во споредба со истиот период лани. Изнесуваат 2,1 милиони евра,а истиот период лани беа повеќе од 4,6 милиони евра.

За истакнување е фактот што Комерцијална банка посветува внимание за своите вработени изразено преку растот на трошоците за нив. Оваа ставка е зголемена за 5 отсто односно за околу 163.000 евра и сега изнесува 3,3 милиони евра што значи дека банката на месечно ниво одвојува 1,1 милиони евра за своите вработени.

Најголем раст на трошоците има кај збирната ставка останати расходи од дејноста и тие изнесуваат 3,5 милиони евра или 850.000 евра повеќе од претходната година.

 Од билансот на состојба издвојуваме: кредитирањето пораснало за 50 милиони евра во споредба со крајот на 2021 година и вкупното кредитно портфолио (со исклучок на земи кон банки) изнесува 917,7 милиони евра.

Минимално е зголемено вложувањето во државни хартии од вредност и тоа и понатаму е помало од половина милијарди евра.

Депозитната база е минимално намалена во споредба со крај на декември 2021 година и изнесува 2,1 милијарди евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција