27 Април, 2024
0.0355

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, Комерцијална банка АД Скопје однапред  изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, соопштуваат од банката, додавајќи дека на овој начин веднаш е исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

„Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството“, информираат од банката.

Од таму посочуваат и дека Комерцијална банка со сите свои сервиси останува во служба на клиентите со цел сите финансиски потреби да бидат безбедно и ефикасно опслужени. 

Меѓудругото упатуваат апел да се почитуваат сите мерки и инструкции од надлежните органи во насока на што побрзо и поефикасно справување со овие предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг