20 Декември, 2025
0.0530

„Комерцијална банка“ во ќар 8,25 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 07:56

Добивај вести на Viber

Овој финансиски резултат дополнително ќе ги зголеми очекувањата на инвеститорите за поделба на дивиденда во претстојниот период и можеби ќе ја држи на ова или повисоко ниво цената на таа акција „Комерцијална банка“ книжи добивка од 8,25 милиони евра за 2014 година, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот неконсолидиран биланс на успех на една од двете најголеми домашни банки. Оваа вест веројатно ќе охрабри и ќе успокои многу инвеститори на нашиот пазар на капитал. На крајот на 2014 година добивката на оваа банка изнесува 525,1 милиони денари. Очигледно дека „Комерцијална банка“ имала многу успешен последен квартал од годината во кој нејзината добивка пораснала за речиси 210 милиони евра (околу 3,5 милиони евра). Најоптимистичка вест за нејзините акционери сигурна е таа која може да се прочита во билансот на успех кога ќе се споредат бројките од приходите од камати и од нето-приходите од камати. „ Комерцијална банка“ во услови на пад на приходите од камати за износ од околу 40 милиони денари успеала да ги зголеми нето-приходите од камати за фантастични 350,5 милиони денари. Нето-приходите од камати на крај на ласката година се 3,177 милијарди денари, а во 2013 година биле 2,826 милијарди денари. Тоа значи нето-приходот од камати е повисок за речиси 6 милиони евра во 2014 година во споредба со 2013 година. Минимален пад на нето-приходите од надоместоци и провизии банката има лани во споредба со 2013 година. Нето-приходот по овој основ е помал за 12 милиони денари и за 2014 година изнесува 897,3 милиони денари. Нивото на резервации за лоши пласмани на крај на 2014 година е 1,73 милијарди денари и во споредба со 2013 година е пониско за 100 милиони денари. Тој резултат е постигнат во услови кога банката успеала да одржи исто ниво на кредитирање во година која за многумина од бизнис заедницата беше година во која е успех да се одржи статус кво. Од расходите на банката исто како и в 2013 година и лани најголема ставка биле трошоците за вработените и тие се на ниво од 825,8 милиони денари. Загубата заради оштетување на нефинансиски средства е на ниво од 532 милиони денари и тој расход бележи висок раст во однос на 2013 година кога бил 308,5 милиони денари. Депозитите на штедачите достигнаа до 1,36 милијарди евра! „Комерцијална банка“ и лани го одржа трендот на раст на депозитите на граѓани, компании, здруженија и институции. Податоците покажуваат дека на крајот на 2014 година нивото било 83,8 милијарди денари што е за 3,9 милијарди денари повеќе од 2013 година.На страната на пласманите на средства освен што го одржала нивото на кредити кон други коминтенти (освен банките), „Комерцијална банка“ ги дуплирала средствата што ги чува во хартии од вредност – портфолио во кое најголемо е учеството на државните обврзници и на записи што ги издава државата преку Министерството за финансии. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?