Комисијата нема да одобри целодневна настава со физичко присуство
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020
Кај Kомисијата за заразни болести сепак нема расположение да одобри целодневна настава со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение но утре ќе продолжи да ја разгледува можноста.
Со оглед на тоа што онаа која е предвидена за деца до трето одделение засега е замислено да биде скратена кога ќе започне од 1 октомври, родителите интензивно бараат од властите да се воведе продолжение во дневен престој за да можат да ги исполнат работните обврски.
- Последната информација е да се нема целодневен дневен престор, но утре ќе имаме комисија во 08.00 часот, и доколку има некоја нова информација ќе биде објавена во јавноста, рече денеска докторот Виктор Исјановски, член на комисијата.
Тој додаде дека епидемиолошката слика е основата по која ќе се води Комисијата за заразни болести.