05 Мај, 2024
0.0259

Комисијата за односи со верските заедници го честита Велигден

Објавено во: Македонија 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод Воскресението Христовото -Велигден упати честитки до христијанските цркви во Македонија.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод Воскресението Христовото -Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до членовите на Светиот Синод и до сите православни верници на МПЦ-ОА во земјава и во странство.

„Возвишен е овој ден зашто е празник во кој торжествува животната радост и од кој извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. За да го доживееме воскресението Христово, потребно е и ние да се утврдиме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието – да живееме во верата со добри дела“ - вели во честитката директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

Додава дека како народ на верата, нашето богољубие и правдољубие отсекогаш биле духовната сила со која успешно сме одговарале на сите предизвици.

„Македонски народ во својата историја безброј пати се искачувал на Голготата на прогонствата и страдањата, но на крајот, секогаш победувал со сјајот на неговите добри дела и благочестивост. Само така, обединети околу учењето на милосрдието можеме заедно нашата татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации. Прославувајќи го Христовото воскресение да ја прославиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Цврсто втемелени во верата и добродетелството, да шириме светлина и радост во секој дом и во сечие срце“ - пишува Божиновска.

Честитајќи им го Великиот ден-Воскресение Христово, Божиновска на верниците им посакува сила, верба и благослов за, како што вели, да го сочуваме, негуваме она што ни го дал Господ како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден