29 Април, 2024
0.0295

Комисијата за заразни болести ќе почека со препораката недела да биде неработен ден за сите: Засега мора да функционира проектот „Викенд без ДДВ“

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатирала дека е рано да дава препорака во недела да не работи ништо. Членови од Комисијата за Фактор велат дека етапно ќе даваат препораки во согласност со развојот на епидемиолкошката состојба во Македонија.

-Тоа што вчера го препорачавме, а Владата го усвои, а кое се однесува на забрана на гостувања на пејачи, мини концерти, диџеи во угостителските објекти, седење на маса само по четворица и не толку гласна музика, сметаме дека ќе има резултати. Затоа и не препорачавме намалување, односно скратување на работното време. Во однос на прелогот кој сакавме да го препорачаме, а се однесува на тоа во недела да не работи ништо, односно тоа да биде неработен ден за сите, сметаме дека треба да почекаме, зошто токму за викенд функционира мерката на Владата „Викенд без ДДВ“, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Инаку, викендов за Фактор беше потенцирано дека на денешниот состанок ќе се разговара, в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.

-Освен што сега практично ќе се заштитиме ширење на корона вирусот, ќе може да здивнат и вработените во моловите чие работно време е до 22.00. Недела треба да се знае дека треба да биде ден за со семејството. Така функционира современиот свет, изјави завчера изворот на Фактор.

Истовремено потенцираат дека можни се и други рестриктивни мерки, но се ќе биде препорачувано во чекор со епидемиолошката слика и кривата на новозаразени. Ако има влошување и уште поголем број на новозаразени со корона вирусот, секако дека ќе препорачаат дополнителни рестрикции, истакнува изворот од Комисијата за заразни болести за Фактор.

Инаку, на денешниот состанок препорачале да нема публика на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово што треба да се одигра в четврток.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево