Кому САД вети над 10 милијарди долари за развој?
Објавено во: Економија 19 Декември, 2018
Над 10 милијарди долари САД ќе донира за економски развој надвор од своите граници.
Тие ветија пари за развој. Оваа помош од 5,8 милијарди долари ќе биде за зајакнување на економскиот развој во Централна Америка и 4,8 милијарди долари за развој на јужниот дел на Мексико.
Планот е објавен во заедничко американско-мексиканско коминике што го објави Стејт департментот. Деталите ги соопшти мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард во главниот град на Мексико.
Помошта на САД има за цел да помогне во обезбедувањето поголема сигурност и можности за работа како дел од регионалниот план кој ќе им овозможи на централноамериканците да останат во своите земји, наместо да мигрираат.
Не се знае дали Мексико ќе даде нешто за возврат. Се тврди дека САД побарале од Мексико да дозволи мигрантите кои бараат азил во САД да останат во земјата, додека се решаваат нивните барања.
Ова не е прв пат САД да донира во Мексико. Инаку, во земјата се спроведуваат мерки за штедење.
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор си ја намали првата плата за една третина, како дел од владините строги мерки за штедење.
Обрадор требаше да земе плата од 76.160 пезоси (околу 3.800 американски долари) за првите две недели од претседателската функција, но вратил 22.313 пезоси (1.100 долари).
Тој истакна дека платата ќе му биде 53.847 пезоси (2.680 долари) и намалувањето на платата треба да биде пример за сите владини претставници.
Претходно го продаде претседателскиот авион во согласност со мерките за штедење.