Коневски му порача на Мицковски дека ќе мора да даде оставка ако ВМРО ДПМНЕ доживее пораз
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019
Откако екс градоначалникот на скопската општина Аеродром, се пренесаочи кон адвокатската кариера, јавноста ретко го слушаше и гледаше.
Со коментар околу претстојните избори Ивица Коневски се огласи на социјалните мрежи.
Тој посебен акцент става на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој потенцира дека доколку ВМРО ДПМНЕ доживее неуспех на избоеите ќе мора да понесе одговорност како што Никола Груевски направи на последниот пораз.
Коневски во Фејсбук статусот вели дека во овој момент Мицкоски мора да работи на обединување на членството а не на обвинување на неистомиселниците.
„Многу пати досега ти укажав дека мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО - ДПМНЕ и нејзиниот успех на претстојните претседателски избори. А, доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател, ќе мораш да понесеш одговорност“ - стои во Фејсбук статусот на Коневски.
Меѓудругото Коневски и посакува успех на професорката Силјановска која како кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе трча на претстојните претседателски избори.
Адвокатот не беше поканет на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во саботата.