26 Април, 2024
0.0262

КОРПОРАТИВНА ОБВРЗНИЦА!!! Можност за инвестирање

Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Корпоративните обврзници се финансиски инструменти кои се издаваат на пазарот на капитал во форма на должнички хартии од вредност. Дефиницијата на корпоративната обврзница, односно обврзници воопшто, е содржана во Законот за хартии од вредност и е дефинирана како долгорочна должничка хартија од вредност, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата. Корпоративната обврзницата може да биде обезбедена или необезбедена, да има фиксна или варијабилна камата, може на сопственикот да му дава право на камата и/или исплата на однапред определени рати, може да се откупи од страна на која било страна под одредени услови и/или може на сопственикот да му даде право да ја претвори обврзницата во друг вид на хартија од вредност на издавачот.

Постојат повеќе критериуми за поделба на обврзниците, меѓу кои и критериумот издавач на обврзници, па согласно истиот „попопуларни“ се: државните обврзници (govermеnt bonds), општинските обврзници (municipality bonds) и корпоративните обврзници (corporate bonds).

Преку издавањето корпоративни обврзници акционерските друштва и командитните друштва со акции прибираат капитал за финансирање на сопствени проекти тогаш кога ќе проценат дека издавањето на обврзници е исплатливо за друштвото како издавач, а и за инвеститорите како купувачи на обврзниците. Кога едно друштво издава обврзници, меѓу него и купувачите  на обврзници се воспоставува должничко-доверителски однос, а друштвото е должно на купувачите на точно определен датум да им ја исплаќа договорената камата и да им ја исплати главнината кога обврзницата ќе доспее. Од тие причини, соодветно е за корпоративните обврзници да се каже дека претставуваат финансиски инструменти на пазарот на капитал.

Корпоративната обврзница како финансиски инструмент се емитува на пазарот на капитал со цел обезбедување средства кои издавачот ќе ги користи за најразлични цели. Предноста за друштвото кое издава корпоративни обврзници е тоа што преку овој финансиски инструмент може да се задолжи по потенцијално пониска камата споредбено со кредитот подигнат од банка. Корпоративниците обврзници нудат флексибилност на своите издавачи, на начин што им овозможуваат самостојно да определат услови на емисија и да управуваат со сопствената задолженост.

Со оглед дека и корпоративната обврзница е хартија од вредност, постапката за издавање е идентична  како и онаа применлива за акциите. Односно, во пракса, по направено испитување на финансискиот пазар и процена на условите за задолжување друштвата издавачи изготвуваат проспект и поднесуваат соодветно барање до Комисијата за хартии од вредност за одобрување на издавањето на предметната обврзница. Во актот за издавање на обврзниците се определува номиналната вредност, висината на каматата и начинот и роковите за исплата на каматата.

Елементи на корпоративните обврзниците се вкупната вредност на емисијата на обврзницата, опис и цел на емисијата, издавач на обврзницата, рок на доспевање на обврзницата, емисија со која се издава, каматна стапка, начинот на пресметување на каматната стапка, место на запишување и на тргување на обврзницата. Во врска со висината на емисијата на корпоративните обврзници, согласно законското решение, законодавецот ја ограничил висината да не изнесува повеќе од вредноста на основната главнина на издавачот. Доколку емисијата на корпоративни обврзници е гарантирана од некоја банка, износот на емисијата покрај износот на основната главнина, дополнително се зголемува до износот на банкарската гаранција. Потребно е да се напомене дека корпоративната обврзницата никогаш не влегува во основната главнина на друштвото.

Корпоративните обврзници се регистрираат во електронска форма во Централниот депозитар на хартии од вредност на име на имателот на обврзницата. Постапката за издавање и упис на корпоративната обврзница е регулиран со Законот за хартии од вредност и соодветните подзаконски акти на Комисијата за хартии од вредност.

Корпоративните обврзници споредбено со акциите, како хартии од вредност, на сопствениците (иматели) им даваат неколку предности, како што се прво, доверителски статус, односно во стечајна постапка имателите на обврзници се намируваат пред акционерите, второ, конвертибилните корпоративни обврзниците се поатрактивни за инвеститорите доколку трендот е вредноста на акциите на издавачот на обврзницата да расте, трето, корпоративната обврзница е посигурен финансиски инструмент, бидејќи истата може да биде обезбедена и да има варијабилна камата, а спротивно на тоа, акциите се подлежни на флуктуациите на пазарот.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат