01 Мај, 2024
0.0260

Косовците бараат нешто што Вучиќ не може да прифати, тој итно ќе разговара со Србите на Косово

Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Koсовските претставници во Брисел побарале одговор кога Србија ќе го признае Косово. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека никогаш нема да го признаат Косово. Тој вели дека не се сложил со она што го предлага косовскиот премиер Албин Курти. 

„Тие не сакаат воопшто да разговараат за Заедница на српски општини. Второ, тие побараа од нас итно да кажеме кога ќе ја признаеме независноста на Косово. Трето, тие го нарекуваат инцидент и провокација тоа што Србите сакаат да присуствуваат на литургиите во црквите во Косово, бидејќи земјиштето на тие цркви е дадено за време на владеењето на Слободан Милошевиќ “, рече Вучиќ.

Тој вели дека ќе мора да разговара со Србите од Косово затоа што е многу исплашен.

Косовскиот премиер вели дека српскиот претседател одбил три предлози, а дека не дал одговор само за предлогот шесте земји од Западен Балкан да го унапредат договорот ЦЕФТА во СЕФТА. 

„Косово и Србија веднаш да потпишат заеднички мировен договор, ветувајќи дека нема да се напаѓаат едни со други. Ова е важно како никогаш порано, еден ден по Самитот на НАТО во Брисел и едногласните пораки дадени таму. По заемното признавање меѓу Република Косово и Република Србија, во двете наши земји да имаме билатерален реципроцитет, вклучително со прашањето за малцинствата. Значи, Србите во Косово можат да имаат свој национален совет како што тоа го имаат Албанците и Бошњаците во Србија. За прашањето за исчезнатите лица со насилство, шефот на српската делегација, г. Вељко Одаловиќ, треба да биде сменет од позицијата и треба да биде испрашуван. Тој од 1997 до 1999 година беше началник на штабот на косовскиот регион и го водеше окупираното Косово заедно со Зоран Анѓелковиќ“, пишува Курти на Фејсбук. 

Средбата средба е во јули. 

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот