05 Мај, 2024
0.0236

Косово ja плаши Србија со конфликти поради апсењето на Харадинај

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Косово ја обвини Србија дека провоцира „тензија и конфликти“ на Балканот поради апсењето на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во Франција по нејзино барање .

„Владата е загрижена од ова апсење и судската постапка“, изјавил на владина седница премиерот Иса Мустафа.

Мотивацијата на Белград е „политичка и непријателска“, рекол Мустафа, додавајќи дека апсењето е „целосно незаконски и неправично“ и може да доведе „до предизвикување тензии и конфликти и да го уништи процесот на евроинтеграција на регионот“.

Стотици ветерани од војната во Косово протестираа денеска пред француската амбасада против апсењето на Харадинај. Тие носеа транспаренти со натписи: „Харадинај е Косово“, „Барајте ги криминалците во Србија“. 

Два пати осудуваниот и оправдуван, Харадинај беше уапсен во средата на аеродромот во Франција со европска потерница издадена од Србија во 2004 година. 

Таа го обвинува за воени злосторства за време на конфликтот 1998-99 година.

Харадинај беше премиер во периодот 2004-2005 година, а сега ја предводи опозициската партија. Тој се спротивставува на нормализирање на односите Косово-Србија, што сепак е поддржано од неговиот соработник од косовската војна Хашим Тачи, кој сега е претседател на Косово.

Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница