Косовските азиланти од Европа се враќаат дома
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2016
Повеќе од 43.000 косовски граѓани азиланти сè уште не се вратени од западно европските земји.
Тие масовно заминуваа во Европа при крајот на 2014 и почетокот на 2015 година.
Според пишувањата на весникот „Коха диторе“, бројот на оние што се вратиле назад е околу 23.000. Понатаму весникот наведува дека реадмисијата продолжува со просечно по илјада косовски граѓани месечно.
„Само во текот на 2015 година вратени се над 16.000 лица, додека во 2016 година вратени се над 6.000, од кои 3.390 насилно“ -изјави Ваљон Красниќи, директор на одделот за државјанство, азил и миграција при косовското Министерство за внатрешни работи.
Тој објаснува дека нема точни податоци за бројот на косовски граѓани кои во овој период го напуштиле Косово.
Најголем дел од косовските азиланти се заминати во Германија.