Коста Петров се подготвува да ја превземе својата нова функција
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2020
Дека потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, се подготвува да превземе одредена државна функција, зборува неговото бришење како управител на компанијата Пи Ворлд, а на негово место е запишана неговата сопруга Сања Поповска Петров.
Петров како бизнис лидер е основач и извршен директор на Пи Ворлд, македонска креативна агенција со присуство во над 30 земји во светот меѓу кои се Гана, Индија, Катар, Турција, Азербејџан, Иран, Хрватска и Исланд.
Според последните информации, тој ќе биде директор на Фондот за иновации и технолошки развој, потврдија претходно за Фактор извори од партијата.
Според нашите информации досегашниот директор на Фондот Јован Деспотовски ќе добие друго директорско место, но неговата идна функција се уште не е потврдена иако се тврди дека ќе биде директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони. Тој важи за стручен економски кадар во партијата.
Иако официјални потврди за размена на директорските позиции нема, од СДСМ упатуваат на извесните рокади.