01 Јули, 2024
0.0271

Костадинов и Каракачанов се лутат затоа што македонската полиција отвори предмет за децата носени на средба со бугарски политичари

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Maкедонската полиција отвори предмет за случајот со „Мал битолски Монмартр“, по што има остри реакции од бугарските политичари. 

Полицијата по допрен глас  го известила ОЈО за случајот со културната установа „Мал битолски Монмартар“ која изминатиот период во неколку наврати однела деца во посета на Бугарија. Таму децата се сретнале со бугарски политичари.

Претседателот на  бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов побарал бугарското Министерство за надворешни работи да излезе со осуда,  а осуда упати поранешниот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Македонското МВР покрена постапка против раководството на „Малиот битолски Монмартр“ затоа што културната установа однела деца во Бугарија и се сретнале со бугарски политичари, дури и со претседателот. Наместо да ја поздрави културната размена, блиските врски и заедничките иницијативи, македонското МВР се жали во медиумите дека децата учесници на културната манифестација се сликале со бугарски политичари“, изјави Каракачанов.

За посетата на децата  на својот Фејсбук-профил  на 4.јули информирал и претседателот на Бугарија, Румен Радев. Децата претходно биле и кај поранешниот бугарски премиер, Симеон Втори -Сакскобурготски, како и на гробот на неговиот татко, царот Борис Трети.

Посетата на Бугарија ја оствариле поддржани од Фондацијата „Бугарска Меморија“ на бизнисменот Милан Врабевски во рамките на проектот „Од двете страни на границата“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека „ниту еден родител, нити „Меѓаши“ или друга огранизација нема доставено кривична пријава“.

Радев вчера не пропушти Илинденското востание да го поврзе со бугарски бунтовнички дух. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство