04 Мај, 2024
0.0255

Ковачевиќ: Србија нема деца за седма војна, тоа би значело крај за оваа држава

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот писател, Душан Ковачевиќ во изјава за Танјуг вели дека нема дилеми по прашањето за поддршка на повикот на претседателот Александар Вучиќ за широк општествен дијалог за Косово.

Смета дека цел на секој политичар кој води дијалог е да се спречи војна во која би биле вмешани деца. Тој вели дека наишол на добри рекации на предлогот преку мирен пат да се решаваат проблемите меѓу Србите и Албанците.

„Србија по страдањата во шест војни во 20 век веќе нема народ и деца за седма војна бидејќи таа нова војна би значела крај за оваа држава“ - изјави академик Ковачевиќ.

Најценетиот современ српски драмски писател се повикува и на сопственото дипломатско искуство и проценува дека на повикот на Вучиќ „кумувал“ и дополнителен притисок од меѓународната заедница.

Тој е сигурен дека Србија веќе никогаш не смее да војува. Вели дека Србија денес е без економска стабилност, без дефинирани граници.

„Повторно е покрената приказната за границата со Хрватска, која еден ден ќе биде многу сериозна бидејќи тука е речиси збор за размена на територии“ - вели тој. 

Она што не може да го разбере се луѓето кои денес во Белград заговараат војна.

„Ми се крева коса на глава кога ќе слушнам од луѓе кои седат во Белград и повикуваат на одбрана на Србија на секој чекор. Тие кои зборуваат денес не можат да истрчаат ниту 100 метри, мора да јадат трипати дневно и да спијат двапати во 24 часа. Ако ги затекне војна попладне, тие нема да може да учествуваат во неа бидејќи тогаш спијат. Нема тие да војуваат туку ќе војуваат нашите деца. Оние што се најгласни во повиците за одбрана на Србија никогаш не војувале ниту некогаш ќе војуваат“ - истакна Ковачевиќ.

Според него, секој тежок и долготраен разговор е подобар од каква било војна. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?