КОВАЧЕВСКИ ПОТВРДИ-ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ: За 7 дена ќе подготвам програма и ќе ја поднесам кандидатурата
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2021
Откако синоќа
беше утврдека оставката на Зоран Заев од функцијата лидер на СДСМ, заменик
министерот за финасии Димитар Ковачевски денеска во изјава за Фокус најави дека
ќе поднесе кандидатура за следен претседател на владејачката партија.
– Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, рекол Ковачевски во изјава за „Фокус“.
Внатрепартиски избори кои ќе се одржат следниот месец, односно тие се закажани за 12. Декември.