Ковачевски утре ќе го добие мандатот
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2021
Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ, утре ќе го добие мандатот за составување влада од претседателот Стево Пендаровски.
Ова денеска го потврдија од кабинетот на шефот на дрќавата.
Синоќа Централниот одбор на СДСМ официјално му даде зелено светло на Ковачевски да биде мандатар.
Новиот лидер на СДСМ вчера најави дека до крајот на јануари земјата ќе има нова Влада.
Пендаровски во телевизиско интервју изјави дека Ковачевски е непознаница во политиката затоа што не бил на позиција претходно, но смета дека треба да му се даде шанса.