КОВАЧЕВСКИ ВО БРИСЕЛ: За што се состанува НАТО во Брисел?
Објавено во: Македонија 24 Март, 2022
Премиерот Ковачевски денеска ќе присуствува на вонредниот состанок на НАТО во Брисел, каде отпатува вчера а темата е руската агресија врз Украина.
Во фокус на состанокот ќе бидe координација на следните одговори на војната во Украина и руската агресија, кои 30-те земји членки ќе ги преземат за воената агресија од руска страна.
Најверојатно е дека ќе стане збор за зајакнувањето на НАТО одбраната како и за улогата која ја има Кина во кризава.
Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати вируелно на лидерите на земјите-членки на НАТО. Тој најави дека ќе побара од Западот да ги заостри санкциите и да испрати дополнителна помош за Украина.
Потсетуваме, Зеленски постојано бараше од НАТО да воведе зона на забранети летови над Украина, но тоа беше одбиено поради реалната опасност од ескалација на конфликтот и вовлекување на НАТО во војна против Русија.