Козметички гиганти со милионски казни во Грција
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2017
Козметички гиганти како Есте Лаудер, Лореал, Кристијан Диор меѓу другите, се соочуваат со милионски казни во Грција поради договарање цени откако против нив постапка поведе Комисија за конкуренција.
Грчката комисија соопшти дека открила анти- конкурентски договори меѓу трговците на големо на луксузни козметички производи со немара да се фиксираат цените на мало.
Филијалата на Есте Лаудер во Грција беше осудена на парична казна од 5,4 милиони евра, додека филијалите Лореал и Кристијан Диор беа казнети со 2,6 милиони евра, односно 1,8 милиони евра.
Казнети се уште три грчки групи Сарантис со 1,9 милиони евра, Нотос Ком со четири милиони и Геролјаматос Козметикс со три милиони евра.
Лореал реагираше на таа одлука и ги негираше обвинувањата за нелегална конкуренција.