КРАЈ НА ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел и Хамас склучија мир
Објавено во: Свет 21 Јули, 2018
Палестинската сунитско исламистичка политичка партија „Хамас“ и Израел се согласија за прекин на огнот, соопшти портпаролот на радикалната палестинска група, која го контролира Појасот Газа.
- Со напорите на Египет и на Обединетите нации, договорено е враќање во ерата на мир меѓу Израел и палестинските фракции, изјави портпаролот Фауси Бархум.
Вчера, вооружени Палестинци убија еден израелски војник на границата меѓу Газа и Израел, а Израел изведе десетици воздушни напади по должината на Појасот, при што загинаа четворица Палестинци, од кои тројца борци на Хамас.
Foto: AP