Красимир Каракачанов е осуден за омраза кон Ромите
Објавено во: Балкан 14 Јуни, 2021
Eкс бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов е осуден за омраза кон Ромите.
Тој дискриминирал со неговата изјава против Ромите од 8 јануари 2019 година во пловдивското село Војводиново. Ова го одлучи Врховниот управен суд (ДКAC), објави бугарскиот Хелсиншки комитет.
„Циганите во Бугарија станаа крајно безобразни. Пред неколку години тие претепаа полицаец, пред два дена ја тепаа војската. Толеранцијата на бугарското општество истекува“, рекол тој.
Според судот, од особено значење е фактот дека изјавите на Каракачанов беа широко распространети во медиумите, како и фактот дека тој не ги критикувал конкретните извршители на злосторството, туку зборувал за целата етничка група.
Случајот го води еден ромски активист и неговото здружение со правна помош на бугарскиот Хелсиншки комитет. Со својата одлука, ДКAC ги поништи пресудите на Комисијата за заштита од дискриминација и на Управниот суд – град Софија, кои не ја утврдија изјавата на Каракачанов за дискриминација.