Крмов тврди дека се коригирани резултатите од пописот: Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?!
Објавено во: Македонија 02 Април, 2022
Пратеникот од Левица, Борис Крмов на социјалните мрежи објави дека власта ги коригира резултатите од пописот.
„Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки! Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?! Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал! Оваа лакрдија веднаш да се поништи! Сите ќе одговарате!“, напиша Крмов.
На 30 март Државниот завод за статистика објави податоци за пописот кој беше направен лани.
Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.
Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).По ова имаше бурни реакции. Има над 130.000 граѓани за кои нема податоци за националност.