05 Мај, 2024
0.0290

Kучиња соборија на земја и искасаа тетовец кој заврши во болница

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Тетовец заврши во болница, oткако синоќа кучиња го соборија на земја и го искасаа по целото тело, пишува Слободен печат. 

На видео кое е објавено и на социјалните мрежи, се гледа како човек лежи на улица и повеќе кучиња го касаат и растргнуваат. За кратко на местото доаѓаа две лица, кои храбро со клоци успеваат да ги отргнат кучињата, а жртвата да ја спасат од посериозни повреди. 

Лицето веднаш е пренесено во Клиничката болница Тетово, но поради сериозноста на повредите, задржано во Клиничката болница Тетово. Но, се наоѓа надвор од животна опасност.

Од СВР Тетово, велат дека немаат пријавено ваков случај, но обично кога луѓето се тешко повредени од кучиња скитници, случаите ги пријавуваат неколку дена подоцна, поради претрпениот шок, но и нанесените болки.

Двајца скопјани и битолчанец вчера во полиција пријавиле дека ги каснале кучиња скитници. Претходно, имаше и видео од Струмица каде човек едвај со помош на својот велосипед се спаси од глутница кучиња. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца