Куќа за 1 франк и тоа во Швајцарија: Се бараат нови жители, но има и еден услов
Објавено во: Финансии 22 Јули, 2019
Со цел да да се привлече ново население во селцето Монти ди Сциага во близина на италијанската граница, локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќи за само еден франк.
Се работи за симболична цена за недвижнина.
На располагање се девет куќи од камен. Купувачите по заклучување на договорот се должни да го реновираат објектот по тамошните прописи.
Куќите се наоѓаат на идилично опкружување со поглед на езерото Магиоре, а имаат достапни и водоводни инсталации, што значајно го олеснува преуредувањето.
Монте ди Сциага е уште едно европско село кое со евтини цени на недвижностите се обидува да привлече луѓе да живеат таму.
На сличен начин локалните самоуправи мамеа луѓе да дојдат да живеат на Сицилија, на грчките острови и шпански села.
Фото: Фејсбук-Lago Maggiore