08 Април, 2025
0.0365

КУМБАРОСКА ВАНБЕСИН ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ПРАВНАТА ДРЖАВА ЈА НАМАЛУВА НЕСИГУРНОСТА НА МЛАДИТЕ ЗА ОСТАНУВАЊЕ ВО ДРЖАВАТА“

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2025 09:29

Добивај вести на Viber

Во последната епизода на поткастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Марија Кумбароска Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, се третираат теми за темелните принципи на функционирањето на државата, за образованието и за плановите на државата Охрид да стане привлечна дестинација во европскиот туризам.

Зборувајќи за темелните принципи на функционирање на државата, Кумбароска Ванбесин, смета дека мора многу да се работи за да имаме правна држава која ќе биде поставена на здрави нозе, бидејќи тоа влијае врз економскиот раст на државата, врз намалувањето на одливот на кадар од нашата земја и врз привлекувањето на младите да се вратат во сопствената земја и тука да ја градат својата кариера. Според неа, ако имаме вистинска правна држава, се намалува несигурноста кај младите за останување во сопствената земја. Таа прави споредба со правниот систем во Белгија, каде што работи, и истакнува дека во Белгија има подобро разработен систем, иако и тој има недостатоци во однос на комплицираната и многубројна администрација, што го прави судството комплексно, но, сепак, успешно функционира.

Во разговорот се осврнуваат и на корупцијата, а за неа Кумбароска Ванбесин, вели дека ја има секаде, но кај нас е најизразена и мора многу да се работи на нејзиното искоренување. Споредено со Белгија, кога станува збор за корупцијата, тенденцијата во белгискиот систем е да се биде транспарентен – не се поддржува готовинското плаќање, па наплатата се реализира по електронски пат. Според неа, истото тоа може да се примени и кај нас за да се намали корупцијата.

Во продолжение на поткастот, Кумбароска, која студирала на Универзитетот „Фонтис“ во Ајндховен, Холандија, а магистрирала на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, потенцира дека образованието денес треба да се подигне на повисоко ниво бидејќи со досегашните реформи не се постигнале саканите резултати. Според неа, во текот на студиите во фокусот треба да биде обезбедувањето вештини преку директно работење во компании и во организации, затоа што работењето со претпоставени во реална работна средина и на конкретни задачи и студии на случај има сигурен ефект врз стекнувањето знаења и вештини.

„Во Холандија не се учи од книги, туку преку пракса и студии на случај. Ние уште од првиот час бевме испратени во компанија за да работиме со менаџерскиот тим на стратешки и на извозни планови за одредени земји, што е многу значајно во бизнисот за практичниот дел, кога учиш да работиш и во компании. Кога ќе го споредиме тоа со образовниот систем во Македонија, сфаќаме дека е многу поразлично. Таму е сè пракса, таму се сè студии на случај и се работи со компании уште од најраните студентски денови“, истакна Марија Кумбароска Ванбесин, во последното издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Кумбароска Ванбесин, прави споредба со системот во Белгија, кој им дава голема поддршка на младите лица уште во текот на школувањето, и вели дека кај нив сè се планира однапред и ретко кој останува без работа.

„Во Белгија системот функционира. Младите уште од почетокот на своето школување се поддржани преку грантови и фондови за школување. Образованието е на многу високо ниво. Кога младите ќе завршат со него, точно е планирано кој каде ќе продолжи“, потенцираше Кумбароска Ванбесин.

Според неа, образованието е еден од факторите за враќање на довербата на младите во државата за останување овде.

Запрашана што треба да направи државата за Охрид да стане атрактивно туристичко место, Кумбароска Ванбесин, истакнува дека, прво, треба да се инвестира во инфраструктурата; второ, да се инвестира во изградба на хотели затоа што Охрид на мапата на европскиот туризам зазема значајно место, и, трето, да се направи промоција на Охрид преку културни настани, со акцент врз автентичноста на градот и врз неговата богата историја, затоа што Европејците ја сакаат автентичноста на градот, но и промоција преку планови кои ќе го промовираат како туристички центар.

Марија Кумбароска Ванбесин, била советник на претседателот на СКСМ во периодот од 2022 до 2024 година.

Линк до видеото.

https://youtu.be/6OW8NFgR0P4?si=n2omned_lrrSdl-u


Можеби ќе ве интересира

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“