07 Април, 2025
0.0241

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2025 18:15

Добивај вести на Viber

По трагичниот настан што ја потресе општина Кочани и целата наша држава, „Шпаркасе лизинг“,„Аутомотив груп“ и „Соникс“, покажувајќи големо чувство на солидарност и одговорност, донираa ново возило за брза помош на ЈЗУ Општа болница Кочани.

Ова возило е од клучна важност за општината бидејќи ќе биде веднаш на располагање за сите граѓани во регионот и ќе гиподобри брзината и ефикасноста на медицинските услуги. Донацијата претставува важен чекор во обезбедувањето на потребната помош во вакви тешки моменти, особено со оглед на сериозноста на ситуацијата.

Компаниите изразија длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за ненадоместливите загуби и упатија искрени желби за брзо закрепнување на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство.

„Како општествено одговорни компании, Шпаркасе групацијата, во овој случај претставувана преку ‘Шпаркасе лизинг’, заедно со нашите партнери ‘Аутомотив груп’ и ‘Соникс’ изразува искрено сочувство за трагедијата што му се случи на Кочани. Ова возило е само мала помош и најмалку што може да направиме за граѓаните на општина Кочани и регионот. Се надеваме дека ќе биде помош и поддршка на тимовите за брза помош во спасувањето животи. Воедно, ги повикуваме сите компании во рамки на своите можности да се придружат на иницијативата за донација со цел да го зајакнеме нашиот општествен и институционален капацитет“, изјави директорот на Шпаркасе лизинг, господин Марјан Манчев.

Донацијата на ова возило е еден од начините на кои компанијата ја демонстрира својата посветеност на заедницата и приоритетот на помагање на оние кои најмногу им е потребно. 

Можеби ќе ве интересира

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари

Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион

Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион