Добивај вести на Viber
Германската компанија за железнички транспорт неодамна воведе купе само за жени, во воз на линијата меѓу Кемниц и Лајпциг.
Оваа новина е воведена со цел да им се помогне на жените кои патуваат со воз, да се чувствуваат сигурни кога ги користат услугите на железницата. Купето се наоѓа во средината на вагон, во близина на кабината на кондуктерот на возот. Има простор за одмор и спиење на патничките.
Момчиња на возраст до 10 години, исто така, можат да патуваат во купеата наменети само за жени.
Во земјата се поднесени 800 пријави за напади врз жени кои ги извршиле мигранти. Од компанијата велат дека не се причина мигрантите, туку сексуалните напади врз жените кои се чести во јавниот превоз.
Вакви купеа во возовите има во Јапонија, Мексико, Индија, Бразил, Египет и Индонезија.