КУРТИ: Цврстиот сојуз на Србија со Русија е реален редовен безбедносен ризик
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2024
Србија ја остава отворена можноста за „инвазија на Косово“, вели косовскиот премиер Албин Курти.
Тој изјави дека „цврстиот сојуз на Србија со Русија е реален редовен безбедносен ризик“ со кој Косово се соочува и дека поради тоа е неопходен итен договор за нормализација на односите кој двете страни ќе го потпишат. Курти на панел дискусија во Лондон, организирана од институтот Четам хаус, кажал и дека присуството на Русија на Балканот расте преку Србија, и дека потпишаниот договор би значел „правна сигурност и спроведување на она за што се договориле страните“.
„Одбивањето на потпишувањето на договорот значи и дека Србија сака да ја остави отворена опцијата за инвазија на Косово“, кажа Курти.
Тој повторно ја обвини Србија дека стои зад инцидентот во Бањска на 24 септември лани, кога косовската полиција се соочи со група вооружени Срби. Официјален Белград ги негира овие обвинувања.
Белград и Приштина минатата година го прифатија договорот за нормализација на односите на предлог на Европската Унија(ЕУ) и анекс документот за негова имплементација.
Меѓутоа, претседателот на Србија Александар Вучиќ одбива да го потпише, на што инсистира Курти. ЕУ која посредува на дијалогот, во неколку наврати наведе дека договорот, без оглед што не е потпишан, е правно обврзувачки.
foto EPA