Кустурица преживеа тешка сообраќајка во Србија
Објавено во: Балкан 02 Јуни, 2017
Прославениот режисер Емир Кустурица преживеа тешка сообраќајна несреќа која доцна синиќа се случила на новата обиколница околу Лјига. Тој се наоѓал во автомобил марка „мерцедес“, со кој управувал Вичентија Савиќ (67). Со возилото излетале од патот откако се судриле со друг автомобил.
По укажаната прва помош на лице место, Кустурица е префрлен во Белград, а Савиќ во Ургентен центар, општата Болница во Ваљево, и како што пренесуваат српските медиуми, не се во животна опасност.