02 Мај, 2024
0.0395

Квалитетни понуди за вработување и за талентираните млади кадри од Радовиш

Објавено во: Економија, Мои пари 28 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Голем интерес на Саемот за вработување,кој минатата недела се оддржа во Кочани, пројавија голем број на граѓани поточно кон одредени работодавачи од дрвната, текстилната, и машинската индустрија, а со поголем фокус и интерес и за техничките кадри. Денес на петтиот Саем за вработување во Радовиш, се претставија триесетина компании од радовишкиот, струмичкиот и штипскиот регион, како Интерпласт, Штиптекс и Еуропетрол.

„Радовиш има голем број на потенцијални квалитетни кадри кои се совршена можност за работодавачите да го зголемат капацитетот и квалитетот на својот работен систем и квалитет на услуги и изработени производи. Овие саеми се прилика не само за големите компании туку и за малите претпријатија да ја зголемат  својата улога во подобрувањето на економијата, во склоп на која неминовен дел е обезбедувањето на едуциран работен персонал преку мерка на вработување, кој ги исполнува очекувањата за ветениот квалитет кој брендовите го нудат кај крајните потрошувачи,“ изјави Влатко Поповски, Директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија

На саемот присутни беа Директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Градоначалникот на Радовиш, Сашко Николови Градоначалникот на Конче, Благој Јованов.

Граѓаните позитивно гледаат на овие саеми за вработување и на опцијата преку оваа мерка и на градот Радовиш да му се понуди шанса за нови вработувања. Жителите на Радовиш и околината, саемот го гледаат како можност да се зголеми шансата за поолеснително пронаоѓање на ново вработување, посебно за младите, кои како резултат ќе ги подобрат своите кариери во многу индустрии.

„Радовиш има талентирана младина, кои со малку помош и понудена можност за подобрување на својата  финансиска ситуација преку ново вработување, во многу сфери можат да ја достигнат па дури и надминат успешноста на многу други, како кариерата на познатата македонска оперска дива, Милка Ефтимова која е токму од Радовиш.”, изјави Неда Т., студент по економија која е во последната година од своето основно факултетско образование.

Следниот 6ти саем за вработување од овој караван ќе се одржи во Гостивар на 04тиноември.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности