КВОТАТА СКОКА: Се впуштаат во потрага по 20.000 работници
Објавено во: Финансии 10 Септември, 2018
Листата на дефицитарни занимања во Хрватска покажува дека им требаат 20.000 работници.
Увозот на работна сила од странство расте, а во оваа 2018 година странците се 35.000.
Но, проблем е што квотата ја „трошат“ големите трговски друштва.
Се бараат столари, електричари, тесари, водоинсталатери, бравари, армирачи, фасадери и друго.
Хрватските медиуми пишуваат дека интересот за изучување на овие профили е мал, или воопшто нема интерес.