03 Мај, 2024
0.0270

Лавров: Апсурдно е да се тврди дека се мешаме во изборите во САД

Објавено во: Свет 12 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ги опиша како „апсурдни“ тврдењата дека неговата земја се меша во претседателските избори во САД, соопшти Си-Ен-Ен. 

- Поласкан сме, се разбира, дека добиваме такво внимание, имајќи предвид дека сме регионална сила, како што не нарече претседателот Обама пред некое време, рече Лавров. 

Во вторникот Белата куќа соопшти дека ќе одговори на наводните руски сајбер напади „пропорционално“. 

- Ако тие решат да прават нешто, нека го направат. Но да се тврди дека Русија се меша во внатрешните прашања на САД, тоа е апсурдно“, прокоментира рускиот дипломат.

Москва се обидува да влијае на изборите во корист на Трамп, изјави Џон Подеста, шеф на штабот на Хилари Клинтон. Тој тврди дека е жртва на сајбер нападите, кои биле дело на руските служби, најверојатно со знаење на Трамп. 

Подеста соопшти дека ФБИ го истражува случајот, како дел од големата операција поради хакерските напади врз компјутерите на Демократската партија. 

Кандидатката на демократите за Белата куќа Хилари Клинтон поведе со 8% пред конкурентот Доналд Трамп по излегувањето на скандалозните снимки на милијардерот во кои ги навредува жените. Според студија на Ројтерс и институтот Ипсос, 45% од испитаниците ќе гласаат за неа, а 37% - за Трамп.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика републиканците да ја повлечат поддршката за Доналд Трамп. На митинг Обама изјави дека поради грубите коментари на Трамп за жените не би го ангажирал дури ни на работа во продавница.


Можеби ќе ве интересира

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители