Лавров: Русија не се противи на економската интеграција на балканските земји
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2017
Русија не се противи на економската интеграција на балканските земји, вклучувајќи ги Црна Гора и Македонија во Европа, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по разговорите со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак во Калининград.
„ЕУ има некои планови во тој поглед. Преговарачките процеси се во тек, а тука се вклучени Србија, заедно со Косово, Македонија и Црна Гора“ - вели Лавров.
Лавров вели дека САД и водечките земји на Европската унија се опседнати со „задачата за владеење на Балканот“.