02 Мај, 2024
0.0276

Лавров: Следниот напад врз Сирија ќе има сериозни последици по глобалната безбедност

Објавено во: Свет 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Сегеј Лавров, шефот на руската дипломатија, оцени дека било каков нов напад врз сириската армија која и натаму му е лојална на претседателот Асад може да предизвика сериозни последици. Лавров на средбата на министрите за надворешни работи на Иран и Сирија, Мохамед Џавад Зариф и  Валид ал Муалем на денешниот состанок во Москва, ги осуди минатонеделните напади на САД врз воено воздухопловната база Шајрат во Сирија.

Тој предупреди дека таквите постапки во иднина ќе имаат „сериозни последици“ не само за регионот, туки и за глобалната безбедност.

САД ја обвинија Сирија дека користела хемиско оружје во нападот врз провинцијата Идлиб во северна Сирија, во која загинаа над 80 цивили.

Русија тврди дека жртвите починале како последица на боеви отрови ослободени од бунтовничкиот хемиски арсенал, погоден за време на напад и повика на меѓународна истрага.

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал Муалем ги повика инспекторите да ја посетат воено воздухопловната база, за која САД тврдат дека е користена како почетна точка на нападот.

Сите три држави на состанокот барале непристрасна истрага за користење хемиско оружје за време на нападот на Идлиб.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа