08 Мај, 2024
0.0286

Лазаревски за Фактор: Бев и останувам транспарентен

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

„Секогаш досега бев транспарентен, дури и кога сите молчеа и во иднина ветувам дека ќе бидам транспарентен“, ова е единствената изјава што Фактор успеа да ја добие од екс разузнавачот Ѓорги Лазаревски, по сведочењето на Зоран Верушевски завчера на рочиштето за Таргет - Тврдина. По многу обиди да го добиеме, Лазаревски кратко рече дека тој во моментов не сака да зборува на оваа тема, освен дека бил и останува транспарентен. 

А всушност, исказот на Верушевски завчера во судот предизвика бура во јавноста, бидејќи тој рече дека бомбите не стигнале прво кај него, туку дека Лазаревски ги носел во тогаш опозициската СДСМ, по што тој само ги анализирал како задолжен за безбедносната политика на партијата. За нивната судбина одлучувале раководствата на социјалдемократите.  

Лазаревски сведочеше за овој предмет во ноември лани и тогаш неговиот исказ беше прецизен. 

„За една – две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко екпортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво СМС пораки на двд. Сѐ беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години.Тој диск Ѕвонко ми го даде во  ходниците на МВР. Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша”, рече Лазаревски во судот, минатата година.

Верушевски, пак, завчера практично ова го негираше.

„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година", рече Верушевски на рочиштето.

Доколку Лазаревски и во иднина остане на своето тврдење дека нелегално стекнатите материјали му ги предавал на Верушевски, а овој, пак, вели дека само анализирал бомби што стигнувале во СДСМ, логично е да се постави прашањето дали станува збор за истите бомби, односно, со какви всушност бомби располагала тогаш опозициската партија, и кој за неа ги обезбедил тие материјали?

Од Верушевски, пак, јавноста ќе очекува одговор на дилемите што подразбира под „стравотна модификација и компромитација“ на документацијата, за која вели дека се случила после неговото лишување од слобода.

Од СДСМ вчера тврдеа дека веродостојноста на „бомбите“ е неколкукратно потврдена досега, за што, потврда било и вештачењето што било направено во Германија. 

„Сите граѓани и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето што беа инволвирани во самите материјали. Дополнително, имајќи ја предвид приватноста, СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО“, изјави партискиот портпарол Костадин Костадинов. 

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија