Лажна е веста дека Борисов издејствувал пари за автопатот Скопје - Софија?
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2018
Лажна е веста дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов успеал да издејствува 120 милиони евра од Европа за Македонија, за автопат Скопје-Софија. Според веста која ја објави бугарски сајт за лажни вести, a потоа брзо се рашири и во други медиуми беше наведено дека Борисов успеал да ги убеди Меркел и Јункер дека тој автопат е од животно значење за Западен Балкан и за сигурноста во регионот.
Бугарските власт ја демантираа веста. Лажната вест ја пренесоа многу бугарски и македонски медиуми.