03 Мај, 2024
0.1887

ЛЕКАР СПЕЦИЈАЛИСТ НА ДРЖАВНО ЗЕМА И ДО 165 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА - Филипче за мотивацијата на здравствените работници

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на платите на здравствените работници е една од најголемите придобивки во период од повеќе децении наназад во земјава, смета министерот за здравство Венко Филипче. 

„Оваа значајна сума, што ја инвестиравме во платите на лекарите, медицинските сестри за две ипол години изнесува околу 2 милијарда денари во платите и во дежурствата. Ова е нешто што дури и ни помогна полесно да се справиме со кризата. Не ги зголемивме само основните плати на лекарите специјалисти за 40 отсто, медицинските сестри до 23 отсто, помошно-техничкиот персонал, туку и надоместокот за дежурства. Сега има разлика од практично 100 отсто во плата на лекар специјалист, споредено со периодот од пред две ипол години. Платите кои беа 60 до 70 илјади денари заедно со дежурства, сега се меѓу 85 и 165 илјади денари. Дежурствата коишто порано беа 1.200, односно 3.000 илјади денари, сега се меѓу 3.500 и 10.000 денари. Можете да замислите колкава разлика сме направиле. И тоа го гледаме“, потенцираше министерот Филипче. 

Тој информираше дека има огромен интерес за лекари од приватното здравство да преминат во јавното здравство. Има огромен интерес и кај младите лекари. 

„Сите коишто добија лиценца за работа покажаа интерес да работат во јавното здравство, огромен процент дури и со пациентите со ковид. Мислам дека направивме една одлична финансиска стимулација, нешто што ќе ги задржи младите дома. Но, не се само парите и платите тоа што младите ги држи тука во државата. И системот на едукација е и можноста за напредување“, рече министерот Филипче и најави дека за оваа недела се закажани состаноци со директорите на повеќе клиники, на кои ќе се разговара за промена на начинот на едукација, по примерот на европските клиники за едукација на младите лекари. Тој најави дека моделот ќе биде промовиран на почеток на наредната недела. 

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите