03 Мај, 2024
0.0322

Лекарската комора лута на колегите кои не веруваат дека вирусот постои

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Лекарската комора денеска преку соопштение упати апел до колегите кои не веруваат дека вирусот постои, да почнат да ги почитуваат протоколите и да се однесуваат одговорно, бидејќи, како што се наведува во дописот, секакво поинакво однесување го урива угледот на лекарската фела.

-Лекарската Комора на РСМ од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, континуирано испраќа апели како до граѓаните, така и до вас, за доследно почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Мерките за заштита, како на работното, така и вон работното место, се официјални мерки препорачани од Светската здравствена организација, а Министерството за здравство секојдневно ги повторува и апелира до граѓаните да се придржуваат до нив.

Сепак, загрижувачки е фактот што еден дел од колегите сè уште своите лични убедувања ги ставаат пред сознанијата и насоките препорачани од Светската здравствена организација и државните здравствени авторитети и власти, при што се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија. Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата.

Почитувани, вашите колеги кои работат на Клиниката за инфективни болести и оние биле таму да помагаат, оние кои работат во ГОБ “8 сeптември” и во Итната медицинска помош, колегите од Куманово, колегите од Дебар и многу други, ги споделија своите искуства на социјалните мрежи и во сите медиуми и сето тоа имавте можност да го прочитате и видите. Вирусот е тука и за жал, носи жртви! Како ќе им објасните на семејствата на починатите дека е вирусот нешто што треба да се занемари?

Бараме да ги почитувате сите протоколи препорачани од Светската здравствена организација и од Министерството за здравство за заштита од Ковид-19!

Бараме да се однесувате одговорно како на вашето, така и вон вашето работно место!

Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија!

Сè друго го руши нашиот улед како фела!


Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи