ЛЕНТИТЕ ЗА МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА „ПАТУВААТ“ КОН МАКЕДОНИЈА: Меџити – Решаваме наследени проблеми, ова е резултат на неработењето на Беким Сали“
Објавено во: Македонија 20 Август, 2023
Министерот за
здравство Фатмир Меџити само што објави дека лентите за мерење на шеќер во
крвта неопходни за болните од дијабетес се на пат кон Македонија. Вели дека
министерството за здравство решава наследени проблеми.
-Ги решаваме наследените проблеми бидејќи пациентите за мене биле и секогаш ќе бидат на прво место. Го решаваме наследниот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Овие медицински материјали неопходни за дијабетичарите веќе се на пат кон нашата земја, а во текот на следната недела ќе ги има и во аптеките. Исто така, правиме максимални напори за што побрзо да стигнат сензорите за дијабетес кои за прв пат ќе можат да ги користат децата за безболно мерење на шеќер. Со ова ќе го исполниме едно од најважните барања на дијабетичарите. Им благодарам на пациентите за трпението и жалам за настанатата ситуација како резултат на неработењето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, се додека сумминистер нема да има доцнења на лекарствата кои ги обезбедува Министерството за здравство.