Левендис: Македонија е Грција, Грција не е на Ципрас
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2018
Лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис порачува да смени тактиката и да почне од нула, а не од сложено име, затоа што „Македонија не припаѓа ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис, ниту на Левендис, туку Македонија е Грција“.
Тој по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, говорејќи пред новинарите, откри дека името што се споменува како можно решениe и во амбасадите, но и секаде е Нова Македонија.
„Побарав од Ципрас, да смениме тактика, да ги почнеме преговорите од нула и тогаш целиот народ ќе биде со него, доколку почне од нула“ - вели Василис Левендис и објасни, јавува дописникот на МИА од Атина, дека грчкиот премиер му кажал дека во 2008 тогашниот претседател на грчката влада Костас Караманлис се согласил за името Македонија, Скопје.
Вели дека Македонија е грчка и дека ако Ципрас почне од нула ќе има поддршка од сите во Грција.